Incomat – бетонски мадраци кои се состојат од ткаен геотекстил со висока јакост во два слоја меѓу себе раздвоени со дистанцери. Празнината помеѓу двата слоја на ткаен геотекстил се исполнува со течен бетон, песок или било кој сличен материјал. Во зависност од изборот на Incomat® ова создава пропустлив или непропуслив бетонски потпорен ѕид за заштита со еднаква дебелина. Оваа комбинација на геотекстил со флексибилна структура за обликување исполнета со бетон е главната карактеристина на Incomat®. Успешно се користи од шеесетите години како систем каде е потребно заптивање или контрола на ерозијата.
Видови на Incomat®
Карактеристики
Зошто да го одберете Incomat®?
Incomat® геосинтетичките бетонски мадраци овозможуваат висока отпорност и долготрајна заштита од ерозија. Можно е градење на пропусни и непропусни бетонски потпорни ѕидови за заштита кои се идеални за површини кои треба да се заптијат. Со употребата на Incomat® се намалува времето потребно за обликување на бетонскиоѕт ѕид, било да се работи за работи кои се изведуваат над или под вода, на тој начин се намалуваат тршоците и потребното време за изведба.
Incomat® бетонските мадраци со одредена дебелина можат безбедно да се вградат на стрмни коси површини или на места со сложена теренска конфигурација.
Incomat® ги здружува предностите на флексибилниот систем за обликување, се приспособува на обликот (конфигурацијата) на теренот; висока отпорност на нагризување на бетонскиот слој.
Прецизната изработка на производот дозволува да се изработат производи во разни димензии за било кој проект.