Продукт 

NaBento®

Тагови

NaBento

NaBento®

е технички побезбедна и поекономична замена во споредба со конвенционалните минерални мембрани за заптивање. NaBento® е композит со дебелина од околу 1 цм кој се состои од глина со високо својство на набубрување и или содиум бентонит или калциум бентонит поставен меѓу два слоја на текстил за спречување на поместување на земјиште и ерозија. Компонентите се сошиени на таков начин да се постигне взаемно дејствување и висока внатрешна сила на смолкнување. Кога мембраната е сошиена взаемното делување на геотекстилот и високиот квалитет на бентонитот гарантира  извонредно и доготрајно заптивање.

NaBento® е наменски развиен производ за одредена примена. Посебните параметри вклучуваат одреден тип на бентонит, синтетички суровински материјал, тежина по единица површина и детали од ткаенината. Со посебно изработен површински слој која и дава песочна рапавост дополнително се зајакнува заштитата од исушување, а силата на смолкнување е зголемена на споевите со останатите материјали.  NaBento®  истотака може да се изработи со посебна мембрана за заштита од корења.

Карактеристики

  • Флексибилна, непропусна мембрана со голема површина
  • Ниска подложност на слегнувања и висока отпорност на ерозија
  • Висока внатрешна сила на смолкнување
  • Лесно поставување на материјалот без оглед на временските услови
  • Фабрички направена мембрана со глинен слој помеѓу две ткаенини со проверен квалитет

Во согласност со LAGA барањата (Работна група за отпад при Германските федерални и Државната влада) RiStWag (Германски прирачник за работа на патишта и заштита на водени површини).

Зошто да го одберете NaBento®?

Ниската подложност на слегнувањата на NaBento® RL-C (калциум бентонит) и RL-N (содиум бентонит) пропишани од LAGA (Работна група за отпад при Германските федерални и Државната влада) за употреба на минерална мембрана на депонии од прва и втора класа покажува дека се производи кои нудат гарантирана долга употребливост во смисол на отпорност на механичките оштетувања и заптивност преку 100 години.

Благодарение на лесното поставување NaBento®  овозможува висок процент на дневно поставување на мембраната. Бентонит пастата се користи за заптивање на споевите помеѓу две мембрани. Доколку е потребно истото може да се направи со посебно лепило соодветно за таа намена.