Продукт 

HaTelit®

HaTelit® – флексибилна, високо јакосна геомрежа, отпорна на температура за ефикасно армаирање помеѓу два слоеви асфалт.

HaTelit® C 40/17 во основа e геокомпозит кој се состои од геомрежа со високо јакосни полиестерски модули за армирање и ултра лесен неткаен геотекстил како основа.
За да се постигне макималната врска помеѓу слоевите на асфалт, двете компоненти се пресвлечени со битуменски слој. Оваа исклучителна комбинација од два совршени материјали обезбедува целосна прилагодливост и распределување на напрегања на истегнување помеѓу слоевите на асфалтот.

Со употребата на HaTelit® геомрежата за армирање на асфалт во голема мерка ја ограничуваат појавата на стрес во зоните над веќе постоечките пукнатини во основата. За возврат, ова долготрајно ја забавува појавата на пукнатини на новиот слој на асфалт: феномен познат како “рефлектирање на пукнатини“.

 

Карактеристики

  • Лесно вградување
  • Висока отпорност на оштетувања при вградувањето
  • Висока отпорност на температура
  • Механички својства кои одговараат на својствата на асфалтот
  • Долготрајни динамички оптоварувања
  • Цврста врска помеѓу слоевите на асфлат кои се армираат

 

Зошто да одберете HaTelit®?

Поради долготрајноста на производот, асфалтините површини армирани со HaTelit® бараат далеку помалку трошоци за одржување во спореба со стандардната реконструкција на асфалтирани патишта.

Повратните информации кои ги добиваме при употребата на HaTelit® на многу проекти при армаирање помеѓу два слоеви асфалт покажуваат дека лесното вградувањето е само една од предности: клиентите ја издвојуваат продолжената експлоатација на рехабилитираните (реконструираните) асфалтни површини и заедно со позитивните финансиски и еколошки придобивки претставуваат предност повеќе.