Продукт 

SamiGrid®

SamiGrid®   ткаен геотекстил за армирање на асфалт преку бетонски површини

SamiGrid®   е компoзит кој се состои од мрежа за армирање на асфалт направен од високо јакосни влакна на поливинил алкохол (PVA) во комбинација со неткаен геотекстил.
Битуменскиот слој на неткаентиот геотекстил овозможува SamiGrid®   да ја извршува функцијата на прилепување на бетонските површини како дополнување на функцијата на мрежата.
Оваа моќна комбинација на материјали создава производ со високи перформанси кои се идеални за рехабилитација на бетонски површини каде над бетонската површина треба да се стави асфалтен слој. Преку активното задржување на пукнатините кои се рефлектираат SamiGrid® значително го продолжува векот на експоатација на асфалтниот слој над бетонските површини.

Карактеристики

  • Висока отпорност на алкални средини
  • Фунција на армирање и прилепување на материјалот
  • Отпорност на високи температури
  • Издржливост на долготрајни динамички оптоварувања
  • Висока отпорност од оштетувања при вградувањето

Зошто да го одберете SamiGrid®?

За разлика од другите материјали PVA покажува отпорност на алкални средини. Ова го прави идеално за рехабилитација на бетонски површини.

SamiGrid®   е соодветен за повторно поставување на бетонски површини со алкално силикатни реакции поради способноста на материјалот за добро прилепување на бетонската површина.

Поради високата отпорност на механички оштетувања за време на поставувањето SamiGrid®   може да се поставува и на изгребени површи подготвени за асфалтирање.