За нас

 

ЕРГОЛАНД  Скопје е компанија која создава вредности во градежништвото. Материјалите кои ги застапуваме и услугите кои ги нудиме се со супериорен квалитет, а доказ за тоа се задоволните лица на нашите клиенти. Почнувајќи од самото основање на компанијата во 2005 година, континуирано работиме на унапредување на градежништвото во Македонија преку промовирање на современите технологии во нискоградбата  во делот на геосинтетиците, изолациите и др.
Како овластен дистрибутер на компанијата Huesker Synthetic GmbH, Ерголанд е дел од глобалните текови. Оваа светска водечка компанија, производител и иноватор во технологијата на геосинтетици, ни ја дадоа довербата и целокупната техничка поддршка. Она што е ново во Европа и светот, отсега е ново и во Македонија. Нашите клиенти знаат дека работејќи со ЕРГОЛАНД добиваат докажано решение.

МОТО: “Build with superior quality” (“Градете со супериорен квалитет”)
МИСИЈА: Ерголанд – компанија партнер од доверба, добавувач на квалитетни решенија во областа на нискоградбата, секогаш достапен и посветен за потребите на своите клиенти.
ВИЗИЈА: Компанијата – лидер на пазарот во Македонија во примената на геосинтетици, етаблирање на HUESKER како препознатлив бренд, и воведување на новите технологии во градежништвото.