Продукт 

Ringtrac®

Тагови

Ringtrac®  без шевни цевки за армирање на носечки столбови направени од високо јакосни полимери со ниско издолжување.

Ringtrac®   столбовите направени од ткаен геотекстил (GEC, geotextile-encased column) се посебно развиени решенија за армирање на темели на земјишта со слаба носивост. Системот на распрeделувањето на товарот преку набиени столбови е брз, исплатлив метод за градење на темели на насипи на земја со слаба носивост.

Клучната компонента на овој иновативен систем за темели е Ringtrac® неткаениот геотекстил во облик на цилиндар. Оваа обвивка користи да се огради материјалот што не е компактен за истиот во столбовите рамномерно да се групира кој систематски ги пренесуваа структурните товари на ниво на подобра носивост.

Посебноста на GEC системите е надворешните радијално хоризонтални напрегањата  во столбовите да се поништат не само од внатрешниот притисок на мекото тло туку истотака и од радијалниот отпор на обвивката од геотекстилот.

Периферните сили на напрегање создадени во обвивката од геотекстилот создава радијална поддршка во столбовите кој ја штити рамнотежата во системот, овозможувајќи употреба дури и во многу мека почва.

Ringtrac®  столбовите истотака делуваат како одводи за филтрирање кој го забрзува процесот на слегнување и зацврстувањето (стврднувањето), на тој начин, спречување на можните идни слегнувања.
Карактеристики на производот/ системот

  • Соодветно за меки почви cu < 15 kN/m²
  • Системот може да се пренесе веднаш по завршувањето
  • За кратко време можат да се изградат високи насипи без опасност од рушење
  • Системот се прилагодува на локалните услови и материјал за полнење
  • Нема неповолно влијание на протокот на поземните води
  • Периферни сили до 500 kN/m
  • Дијаметар на цевките за армирање помеѓу 0,4 и 1,0 м.
  • Искористување на просторот на градилиштето, ниски ископи, отстранување и носење на материјал
  • Намалување на трошоците и времето за градење
  • Динамичките оптоварувања (на пример, минување на возови) можат да се прилагодат без оштетувања

Зошто да оберете Ringtrac®?

Технологијата на кружното ткаење на разбој ги отстранува слабите точки и намалувањето на јакоста на споевите,  поради шевовите на пример.
Ringtrac® цевките за армирање се доставуваат во ролни кои лесно можат да се прилагодат на специфичните услови на почвата.