HaTe® неткаен геотекстил за сепарација, заштита, филтрација и дренирање – со тежини помеѓу 150 гр./м2 и 3000 гр./м2.
Својствата на HaTe® неткаениот геотекстил наменски е направен за ваша соодветна примена. Првиот чекор е избор на соодветен и квалитетен суровински материјал од широкиот опсег на синтетички влакна кои се механички поврзани преку ударна игла. Посебните мешавини овозможуваат изработка на ниско запаллив неткаен геотекстил како на пример, геотекстил кој се користи во тунели.
Согласно потребите, HaTe® неткаенииот геотекстил се произведува во робусната класа 1 – 5 “M Geok E“ од Правилникот за употреба на геосинтетиците за употреба во земја и проекти за изградба и реконструкција на патишта издаден од FGSV, Германски патишта и Асоцијација за истражување на транспорт.
При изградба на депонии, HaTe® неткаениот геотекстил со посилни карактеристики посебно е произведен за заштита на мембраните за хидроизолација. Композитниот производ подразбира механички неткаен геотекстил зајакнат со слој од ткаен геотекстил. Неткаените геотекстили со поцилни карактеристики се произведуваат со тежини помеѓу 1000 гр./м2 и 3000 гр.м2.
Другите функции кои ги овозможуваат HaTe® неткаениот геотекстил, посебно за депониите, подразбираат дренирање, сепарација и отстранување на гасови.
HaTe® неткаениот геотекстил може и наменски да се произведе согласно потребите за одредени проекти.
Карактеристики
Зошто да одберете HaTe® неткаен геотекстил?
Неткаените геотекстили можат наменски да се произведат согласно вашите потребите. За да бидете сигурни дека сите производи од HUESKER ги задоволуваат строгите стандарди за квалитет, секој неткаен геотекстил поизведен од компанијата е предмет на процес за издавање на сертификати за квалитет.
Во делот на технологиите за заштита на околината, на пример долгорочно заптивање на депониите, неткаениот геотекстиле многу добро опремен за да ги задоволи строгите еколошки и безбедности критериуми.