Продукт 

DuoGrid®

DuoGrid® – геомрежа за зајакнување, сепарација и филтрирање

DuoGrid® е геокомпозит кој се состои од геомрежа Fornit® во црста врска со неткаен геотекстил. Производот го обединува, армирањето која е основната фунцкија на геосинтетиците заедно со останатите функции посебно сепарацијата и филтрацијата.

DuoGrid® ги вклучува фунциите на армирање на земјишето, сепарација и филтрација во околности каде носивоста на почвата е многу слаба, на пример пристапни патишта до објектите, работни платформи итн.

 

Карактеристики

  • Флексибилна и стабилна геомрежа
  • Нема “мемориски ефект“
  • Висока јакост на истегнување во содејство со ниско истегнување на материјалот
  • Соодветна за земјишта со алкални својства на пример, при врзување на цементна стабилизација и рециклиран градежен шут
  • Висока отпорност на хемикалии и микроорганизми во почвата, UV зрачење и механички оштетувања.

DuoGrid® е особено лесен за поставување што овозможува ниски трошоци за поставување. Со ширината на материјалот од  5,0 м преклопувањата се сведени на минимум.

 

Зошто да одберете DuoGrid®?

Малата тежина по единица површина и високата флексибилност обезбедуваат лесно вградување на DuoGrid® на местото каде треба да се постави.  Користењето на композитот, геомрежата и неткаениот геотекстил ја помагаат ефикасноста при вградувањето; нема потреба да се вградуваат одделни производи  со функција за зголемување на зајакнувањето на земјиштето, сепарација и филтрација.

DuoGrid® не покажува “мемориски ефект“, на пример, фактот дека геокомпозитите имаат тендеција да се свиткуваат после поставувањето; многу го олеснува поставувањето на геокомпозитот.