Tektoseal®  – Ефикасен мембрана за заптивање за заштита на подземни води, санација на загадени места и хидрауличко инженерство

Tektoseal®  е резултат на постојаниот развој на системите за заптивање, кој ги земаат во предвид најновите достигнувања во истражувањето и развојот. Како резултат на долгогодишното искуство во произведувањето на Бентонит композитите, со Tektoseal® HUESKER успеа да развие ефикасен производ со најдобро можно заптивање  со карактеристики за негово вградување кои ги задоволува важечките препораки и упатства.

Tektoseal® е високо напреден производ, кој совршено го спојува мулти компонентниот систем кој се состои од робусни геосинтетици кои содржат содиум бентонит во гранулати. Користејќи ја последната опрема за производство овие компоненти се произведени со прецизна техника со ударна игла за добивање на хомоген слој за заптивање преку целата површина на мембраната.

Tektoseal®   се состои од три компоненти:

  1. Носач на материјалот направен од ткаен текстил со висока сила на напрегање
  2. Содиум бентонит гранулат за заптивање
  3. Слој на неткаен геотекстил

Карактеристики:

  • Поголем агол на внатрешно триење и зголемена јакост на смолкнување како резултат на прецизната изработка
  • Карактеристики на оптимизирано надворешно триење правејќи го соодветен за користење на скалести насипи
  • Многу добар ефект на заптивање поради набубрувањето на содиум бентонитот
  • Поседува ниска формација на прашина бидејќи материјалот е во гранули
  • Ниска чувствителност на слегнување
  • Самоштитечки ефект за заштита од механички оштетувања
  • Помалку материјал за заптивање = помалку материјал за ископ = поефективен волумен
  • Економски оправдан во споредба со минералните мембрани за заптивање
  • Долготраен поради високата отпорност на хемиски супстанци
  • Брз и лесен за поставување со оптималнна широчина и должина на ролните

Зошто да го одберете Tektoseal®?

Како резултат на посебните техники кои се користат во производството Tektoseal®   не само што е економски оправдан производ туку е и еколошки производ. Иако произведен со екстремно мала дебелина (< 10 мм) ги постигнува истите ефекти како стандардната глинена мембрана. Постојаната контролан за време на производствениот процес обезбедува високо ниво на квалитет на материјалот.