Stabilenka® - високо квалитетен водопропустлив ткаен геотекстил за армирање на земја
Stabilenka® е ткаен геотекстил направен од полиестер во надолжен правец и полиамид или полиестер во попречната насока. Користењето на високо јакосни полиестерски модули направени од посебно предиво заедно со патентираното ткаење, Stabilenka® овозможува да ги прифаќа силните напрегања при ниски издолжувања.
Stabilenka® се произведува во десет стандардни верзии со максимална сила на напрагање до 1000 kN/m во главната насока на оптоварување. На барање на клиентот можат да се изработат посебни видови на Stabilenka® со висока јакост на напрегање.
Stabilenka® беше еден од првите геосинтетички производи во светот за армирање. Бидејќи прв пат беше употребен во 1974 година, тој е докажан производ на илјадници проекти.
Карактеристики
- Висока сила на напрегање со ниско издолжување
- Ниско ползење
- Висока отпорност на микроорганизми, хемикалии и физички оштетувања
- Интегрирана функција на сепарирање
Зошто да одберете Stabilenka®?
Благодарение на високата јакост и ниското ползење Stabilenka® може постојано да ги распределува силите на напрегање дури и при мали издолжувања. Кога е изложена на постојани оптоварувања еднакви на 50 % од краткорочните сили на напрeгање, предивото со ниското издолжување обезбедува дека издолжувањето нема да надмине 1 % ниту по две години.