Incomat® бетонски мадраци

Incomat  – бетонски мадраци кои се состојат од ткаени геотекстили со висока јакост во два слоја меѓу себе раздвоени со дистанцери. Празнината помеѓу двата слоја на ткаен геотекстил се исполнува со течен бетон, песок или било кој сличен материјал. Во зависност од изборот на Incomat® ова создава пропустлив или непропуслив бетонски потпорен ѕид за заштита со еднаква дебелина. Оваа комбинација на геотекстил со флексибилна структура за обликување исполнета со бетон е главната карактеристина на Incomat®. Успешно се користи од шеесетите години како систем каде е потребно заптивање или контрола на ерозијата.

 

Видови на Incomat®

  • Incomat®  Standard: систем за заптивање површини и контрола на ерозијата.
  • Incomat® Flex: пропусен бетонски ѕид за заштита при големи хидраулички оптоварувања
  • Incomat® Crib: решеткаста структура во облик на цевка со високо порозни отвори; идеално решение за еколошка заштита на брегови над нивото на водата или за површини каде е потребна вегетација.
  • Incomat® Filter-point: пропусен бетонски ѕид за заштита, посебно соодветен за мали или повремени хидраулични оптоварувања.

Карактеристики

  • Кратко време за вградување
  • Висока механичка отпорност
  • Можна е конструкција без состави
  • Пропусен или непопусен, согласно потребите за проектот
  • Дефинирана дебелина на мадракот, помеѓу 8 и 60 цм
  • Можно е вградување под вода

 

Зошто да го одберете Incomat®?

Incomat® геосинтетичките бетонски мадраци овозможуваат висока отпорност и долготрајна заштита од ерозија. Можно е градење на пропусни и непропусни бетонски потпорни ѕидови за заштита кои се идеални за површини кои треба да се заптијат. Со  употребата на Incomat® се намалува времето потребно за обликување на бетонскиоѕт ѕид, било да се работи за работи кои се изведуваат над или под вода, на тој начин се намалуваат тршоците и потребното време за  изведба.

Incomat® бетонските мадраци со одредена дебелина можат безбедно да се вградат на стрмни коси површини или на места со сложена теренска конфигурација.
Incomat® ги здружува предностите на флексибилниот систем за обликување, се приспособува на обликот (конфигурацијата) на теренот; висока отпорност на нагризување на бетонскиот слој.

Прецизната изработка на производот дозволува да се изработат производи во разни димензии за било кој проект.