Fortrac 3D® – Уникатно решение кое спречува пролизгување на површинсиот слој на коси земјани површини и ерозија на земјишта.
Fortrac 3D® е флексибнилна тродимензионална мрежа направена од високо јакосен полиестер со низок степен на ползење наменета за спречување на ерозија на земјишта. Врз основа на својата тродимензионална структура Fortrac 3D® покажува извонредно взаемно дејство со тлото (коефициент на врзување 1.0) како и одлично задржување на земјата при дождови.
Fortrac 3D® има посебен полимерен слој кој обезбедува заштита од УВ зрачење и механички оштетувања. Ако се земе во предвид долготрајната стабилност на геомрежата, Fortrac 3D® може да се проектира согласно бараниот период на користење. Геомрежата е достапна со разни јакосни карактеристики која дозволува избор при одредена примена. Квалитетот на производот е во согласност со официјалните СЕ и ISO стандарди. Како и останатите HUESKER-ови производи, Fortrac 3D® може наменски да се изработи за секој проект. Ве молиме контактирајте нé во врска со деталите.
Карактеристики
- Сертифицирани коефициенти на врзување
- Извонредно содејство помеѓу геомрежата и земјиштето
- Спречува пролизгување на горниот слој на земјиштето
- Низок степен на ползење
- Робусна геомрежа лесна за инсталација
- Полимерниот слој обезбедува висока отпорност при УВ зрачење
Зошто да одберете Fortrac 3D®
Користењето на Fortrac 3D® обезбедува сигурност и екеномска оправданост. Нуди ефикасни можности дури и на земјишта каде веќе имало пролизгување. Главни клучни фактори при избор на производот се флексибилноста, робусноста и лесното поставување.