Fortrac® – високо еластична, флексибилна геомрежа со докажана примена при армирање на земја.
Fortrac® е флексибилна геомрежа со високо јакосни карактеристики со 20 годишно искуство во примената на армирање на земја. Направена е од високо јакосни модули со низок степен на ползење кои се заштитени со полимерен слој. Истите се произведени на таков начин да гарантираат висока стабилност при взаемната поврзаност. Модулите од полиестер (PET) со високо јакосни карактеристики се стандарден суровински материјал при изработка на геосинтетиците повеќе од 20 години. Во некои случаи, кога има потреба од посебни напредни полимери, се користат други суровини како на пример поливинил алкохол (PVA) или арамид. Додека арамид гарантира извонредна високо аксиална крутост, поливинил алкохолот овозможува високо аксиална крутост во содејство со екста отпорност на хемикалии, посебни алкални супстанци во земјата.
Карактеристики
- Висока јакост со ниско издолжување
- Достапна со јакост до 2500 kN
- Извонредно долготрајна стабилност поради ниското ползење
- Висока отпорност на хемикалии и микроорганизми во земјата, УВ зрачење и механички оштетувања
- Одлично поврзување поради оптимална големина на окцата на геомрежата која одговара на големината на гранулатите на земјата
- Едноставно поставување благодарение на ниската тежина по единица површина, флексибилност и прилагодливост на површината на земјиштето.
- Широк асортиман на јакост за униаксиални и биаксиални мрежи
- Избор на суровинси материјал за посебни проекти
Зошто да го одберете Fortrac®?
Fortrac® геомрежата може да биде изработена од разни материјали за посебни проекти согласно потребите. Високата флексибилност на производот дозволува лесно поставување, а со широчината на ролните од 5 метри преклопувањата ги сведува на минимум.