Продукт 

HaTelit® BL

Самолеплива геомрежа за армирање при рехабилитација на асфалт и површини од бетон.

Опис на производот:

Флексибилна, високојакосна геомрежа за армирање направена од полиестерски модули со висока јакост, со битуменски слој во основата особено соодветен за рехабилитација на мали површини од асфалт и бетон.

Со активното успорување на појавата на пукнати од основата (reflective cracking), самолепливата геомрежа значително ја продолжува експлоатацијата на површините. Со употребата на HaTelit® BL се врши спречување на продор на влага или смрзнатини во долниот слој на асфалтот.

После инсталацијата на HaTelit® BL, врз рехабилитираната површина може веднаш да се нанесе новиот слој на сфалт.

Карактеристики на производот:

  • Самолеплива, овозможува брза и едноставна инсталација
  • Иделна за мали површини, до 500 м2, и посебни пукнатини
  • Добро врзување со асфалтот поради битуменскиот состав ˃ 60%
  • Не е потребно дополнително прскање со битумен
  • Ефикасно врзување и намалување на напрегањата

Зошто да го одберете HaTelit® BL?

HaTelit® BL е производ заснован на испитувањата и тестирањата на HaTelit геомрежата за армирање на асфалт кој е соодветен за рехабилитација на мали површини. Нуди продолжена експлоатација на површините, лесен е за инсталација во неколку чекори.

Не е потребна дополнителна опрема за вградување на HaTelit® BL.

Како и HaTelit-от, така и HaTelit® BL обезбедува површините да останат без пукнатини после многу години.