За HUESKER
HUESKER како производител на текстил има над 150 години традиција. Тоа значи над 150 години квалитет, иновација и експертиза.
Геосинтетиците на HUESKER најчесто имаат примена во градежништвото.
Производниот асортиман вклучува и технички текстили за индустриска примена, и земјоделски текстили.
HUESKER прво е формиран како H. & J. Huesker & Co. во 1861 година во местото Гешер, во областа Вестфалија, Германија. Производството на памучни ткаенини започнува во 1863 година. Во 1958 година, HUESKER ја препозна добрата иднина на синтетичките ткаенини и започнува со производство на ткаенини за филтрирање, и вреќи за песок.
Постепеното ширење на производниот асортиман доведе до основање на HUESKER Synthetic како посебна компанија во 1973 година.
Денес, HUESKER е еден од водечките светски производители на висококвалитетни геосинтетици и има широка продажна мрежа со повеќе од 10 подружници и бројни продажни партнери.
HUESKER нуди широк, пазарно-ориентиран асортиман на синтетички геомрежи, ткаени текстили, плетива, композити, глинени мембрани и неткаени геотекстили кои се користат во градежништвото. Суровините како полиестер, поливинил-алкохол, полипропилен, арамид, полиетилен и полиамид, се преработуваат во модерните и ефикасни капацитети на HUESKER.
Производите на HUESKER се користат во следните области:
- Земјени работи и темелење,
- Патишта
- Железници
- Аеродроми
- Хидротехнички инженеринг
- Депонии
- Санирање на индустриски и контаминирани земјишта
- Асфалтирање
Функциите кои што геосинтетиците ги исполнуваат во наведените области се:
- Армирање
- Дренажа
- Сепарирање
- Заштита
- Филтрирање
- Задржување
- Заптивање
Производите на HUESKER се резултат на децениското искуство во развојот и производството на геосинтетици. Карактеристиките на производите се базирани на клучните параметри кои можат да бидат тестирани и верификувани согласно EN иISO стандардите.
HUESKER Synthetic GmbH е сертифициран согласноDIN EN ISO 9001:2000 за развој, производство, продажба и инженеринг во примената на геосинтетици и технички текстили. Лабораторијата на HUESKER е акредитирана од Deutsches Akkreditierungssystem Prüfwesen (DAP) согласно DIN ISO/IEC 17025.